Казнети 215 возачи за брзо возење

by Fokus
Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволеното, при што санкционирани се 215 возачи.
Како што информира МВР, од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

Поврзани новости