Казнети 192 возачи во Скопје

by fokus

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 10 за недавање првенство на минување на пешаци, информираат од МВР.

-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за возач почетник, четири санкции за возење под дејство на алкохол…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Поврзани новости