Казнети 188 возачи во Скопје: МВР апелира да се почитуваат сообраќајните прописи

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири мерки за управување под дејство на алкохол…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Поврзани новости