Казнети 187 возачи во Центар

by fokus

Изречени се 187 мерки при акциски контроли во сообраќајот спроведени во текот на вчерашниот ден на територијата на Општина Центар.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи за возење без возачка дозвола се изречени 18 мерки, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло) и осум мерки за возење под дејство на алкохол…

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Поврзани новости