288
Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот од страна наљ Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции и 21 мерка за возење без возачка дозвола.
Изречени се и шест санкции за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни возила во јавниот превоз и по седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), за нерегистрирани возила и за користење мобилен телефон при возење…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР.