88
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.