Казнети 174 возачи

by fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамки на вчерашните засилените акциски контроли на територијата на град Скопје се изречени 174 мерки од кои 14 за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола, како и пет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за нерегистрирани возила и технички неисправни возила, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.

Поврзани новости