616
На подрачјето на СВР Тетово денеска при засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санкционирани се 173 возачи, од кои 91 на територија на Тетово и 82 на територија на Гостивар, соопшти МВР.
Посочуваат дека 92 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 16 за дури над 70 километри на час над дозволената.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.