Казнети 17 возачи кои зборувале на мобилен, а 24-ца возеле без возачка дозвола

by fokus

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле 11 сообраќајки, при што биле повредени шестмина граѓани.

Освен сообраќајките, полицијата регистрирала и други сообраќајни прекршоци.

-Од сообраќај исклучени се 24 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, а 17 возила бидејќи не биле регистрирани.

За непрописно паркирани возила издадени се 83 казни, додека пајакот подигнал 64.

Седумнаесет возачи се казнети за користење мобилен телефон за време на управување со моторното возила, информираат од полицијата.

Поврзани новости