340
На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 31 санкција за возење под дејство на алкохол.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.