43
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, 36 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.