48
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, 17 мерки за управување под дејство на алкохол…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.