Казнети 149 возачи во Скопје, 31 за брзо возење

by fokus

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, шест санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат, соопшти МВР.

Поврзани новости