80
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, три мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири мерки за некористење на сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се 43 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, пет мерки за нерегистрирани возила.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.