54
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.