104
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.