Казнети 135 возачи во Скопје

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, 34 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Поврзани новости