Казнети 135 возачи во Скопје

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 23 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта

Поврзани новости