Казнети 134 возачи во Скопје, 68 за брзо возење

by Fokus
 Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје биле изречени 134 мерки. Од санкциите, 68 биле за  возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 21 санкција за возење под дејство на алкохол, четири за нерегистрирани возила и други, соопштуваат од МВР.

Оттаму потенцираат дека ќе продолжат со засилените акциски контроли.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.

Поврзани новости