259
Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Како што информираат денеска од МВР, изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.