Казнети 131 возач за брзо возење

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во спроведена зајакната акциска контрола на територијата на државата биле санкционирани 131 возач за брзо возење.

-Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движење со дури 70 километри на час повеќе од пропишаната. Притоа, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.

Поврзани новости