Денеска во периодот од 10.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 129 возачи. Од нив 27 за возење без возачка дозвола, 16 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 11 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 4 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки,4 за возење под мерка забрана за управување на моторни возила…
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.