32
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.