51
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум санкции за некористење сигурносен појас…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.