65
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои 13 санкции за непочитување на брзината на движење, 13 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување под дејство на алкохол, три мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.