215
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 22 санкции, за возење без возачка дозвола 14 мерки, седум санкции за управување возило под дејство на алкохол, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.