60
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)… МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.