78
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, 22 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Од МВР порачаа дела ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.