Казнети 119 возачи во Скопје: најмногу за брзо возење и возење под дејство на алкохол

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минуваље на затворен сигнал – црвено светло…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Поврзани новости