Вкупно 119 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден во Скопје во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, седум санкции се за возење без возачка дозвола, пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.