329
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, од кои седум за возење повеќе од дозволената брзина.
Изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол, четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…
МВР најавува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта