Казнети 109 возачи во Скопје, 20 за брзо возење

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за користење мобилен телефон при возење…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Поврзани новости