796
Од 22 часот синоќа до 3 часот по полноќ полицијата спровела зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава.
Во контролите изминатата ноќ, како што информира Министерството за внатрешни работи, санкционирани се 106 возачи. Од нив, 20 на територијата на СВР Битола, 19 на територијата на СВР Охрид, 15 на територија на СВР Штип…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.