598
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијатата на населба Ченто изрече вкупно 103 мерки, од кои 28 за возење без возачка дозвола и осум за непочитување на брзината на движење.
-Изречени се и пет санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за возење под дејство на алкохол и седум за користење на мобилен телефон, информираат од МВР.
Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.