378
Сто возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, информираа од МВР, 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.