Денеска (26.08.2024) околу 12.25 часот во с.Кучевиште, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(33) од с.Сингелиќ, скопско.
При контролата било утврдено дека возилото не поседува лиценца за јавен превоз и дека му е истечена важноста на тахографскиот уред, пак возачот не поседувал возачка дозвола.
На возачот му е издаден записник за констатиран прекршок по член .225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од Државниот инспекторат за транспорт дополнително ќе му биде изречена глоба за истечена важност на тахографскиот уред и непоседување лиценца.