45
Сите кои сте разочарани, сте останале дома, сте решиле на некој начин да изразите револт, во ред е. Но, казната и на парламентарни избори би значела удар за самите вас, не само за партијата.
Ќе значи заслабување на партијата која ве уверувам дека ќе се врати многу брзо на правилниот колосек. Но за тоа, е потребна вашата поддршка.
Ова го рече Венко Филипче, носителот на листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4 на вчерашниот централен митинг во Струмица.
Тој пред насобраниот народ додаде и дека СДСМ ќе се промени, а тој како иден пратеник вети дека ќе остане овде за граѓаните, достапен и со слух за секој нивни проблем.