Казна за жител на Дебриште – се вратил од Германија и наместо да се изолира истоварал стока во Струмица

by fokus

Кавадаречкото обвинителство поднесе му предложи на Судот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби на жител од Дебриште кој се вратил од Германија и наместо да се самоизолира, заминал да истовара стока во Струмица.

– Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус Ковид-19. Имено тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во село Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица, информираат од Јавното обвинителство.

Според обвинителството, лицето сторило кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани новости