631
Инспекторатот на Град Скопје, денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски.
Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје, велат од оваа институција.
Додаваат дека заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира.