Казино во Дојран издава лажни ковид-сертификати, тврди грчка телевизија

by Fokus

Грчка телевизија објави прилог за казино во Дојран, каде се издаваат наводно, лажни ковид сертификати. Според информациите на телевизијата, казиното се наоѓа на граничниот премин Дојран, на страна на Македонија, каде може да се купат лажни негативни резултати и лесно да се премине границата.

Имено, лажните сертификати за брз тест, ги издава овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите.

Поврзани новости