Казината и обложувалниците да се одалечат 3 километра надвор од населени места – ова денеска на прес-конференција го побара младината на фракцијата на Демократската унија за интеграција.
Јетмир Асани – потпретседател на младината на фракцијата на ДУИ рече дека ако Владата не одговори на ваквите барања, тие ќе преземаат дополнителни чекори.
„Младите се иднината на една држава, но денес за жал, мораме да потсетиме дека во оваа држава оваа Влада не отсече од агендата, а со нас играат баш како игри на среќа кои од ден на ден се отвораат во форма на казина и обложувалници. Од овде сакаме да алармираме денес освен што секојдневно не терате да ја напуштиме државата и да го фатиме патот за странство, дополнително со игрите на среќа ни го ставате злото на врата. Наместо да ни отворате библиотеки, работни места или младински центри, вие ни отворате обложувалници. Ни ја загрозувате иднината како млади луѓе. Ја загрозувате нашата финансиска состојба, како и нашиот ментален мир. Чувствувавме загриженост што ќе се формира нова видео лотарија од страна на Владата, со што подразбираме дека апаратите ќе ги имаме насекаде, наместо да имаме младински центри или центри за иновации. Дали разбирате дека младите се поподложни на влијанието на коцкањето отколку возрасните?“ – рече Асани.
„Во Северна Македонија имаме повеќе од 1.200 казина, обложувалници и онлајн казина. Додека имаме 109 средни училишта, 227 библиотеки и 20 младински центри, што значи трипати повеќе“ посочи Асани.