0
Министерство за вонредни ситуации на Казахстан соопшти дека несреќата ја преживеале 25 лица, од кои 22 се пренесени во болница.
Според Министерството, загинале 42 лица.
Службите за итни случаи известија дека соборениот авион е на азербејџанската авиокомпанија. Според државната агенција Казинформ, авионот летал од Баку за Грозни.
Азербејџан ерлајнс објави дека Ембраер 190 летал од главниот град на Азербејџан, Баку до Грозни, главниот град на руска Чеченија, но бил принуден да слета на приближно три километри од казахстанскиот град Актау.
Властите во Казахстан соопштија дека почнале да истражуваат различни можни верзии за тоа што се случило, вклучително и технички проблеми, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.