Казахстанскиот претседател со наредба до силите „да пукаат без предупредување“

by Fokus

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев за време на обраќањето до нацијата, издаде наредба да се отвори оган „врз терористите“ без предупредување .

Претседателот рече и дека казахстанските власти немаат намера да преговараат со терористите.

– Од странство се повикуваат страните да преговараат за мирно решавање на проблемите. Целосна глупост! Какви преговори може да се водат со криминалци, со убијци? Имаме работа со вооружени и обучени бандити, рече Токаев.

Казахстанскиот лидер рече дека главниот град на државата бил нападнат од 20.000 „бандити“ и изрази „посебна благодарност“ до рускиот претседател Владимир Путин за испраќањето војници.

Поврзани новости