674
Европската банка за обнова и развој го следи развојот на настаните во Скопје по низата обвинувања на линија Данела Арсовска ВМРО-ДПМНЕ, како поддржувачи на проектот кој беше причина, Арсовска и Христијан Мицкоски да ја прекинат соработката.
-Го следиме развојот на настаните. Изјава за овој случај ќе дојде од Европската инвестициска банка, која е предводник на проектот во име на кофинансиерите, изјавиле од Европска банка за обнова и развој за ТВ 24.
Кавгата меѓу Перински и Арсовска, а потоа и меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, беше токму постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, којшто е финансиран од ЕБОР.