Убиено е 13-годишно момче, убиецот е неговиот најдобар другар – биле другари уште од трето одделение.
Според соседите во Нишка бања (Србија) околу 11 часот утринава двајцата се скарале во дворот, по што конфликтот го продолжиле на поткровјето од куќата на осомниченото момче убиец. Тогаш е убиено тринаесетгодишно момче.
Очевидци тврдат дека ги виделе како се расправаат во дворот, по што се случило злосторството.
– Граѓаните го пронашле второто момче како се тетерави пред куќата и повикале полиција. Тоа момче било однесено во болница. Пронајден е нож – вели изворот.
-Кога бабата излегла надвор од куќата и побарала помош, во куќата влегол дедо од соседството и го пронашол момчето во локва крв на таванот. Ужас, насекаде имаше траги од крв, изгледа прво се степале во дворот – вели еден сосед.
Двете момчиња беа добри пријатели, никој не знае што го предизвика конфликтот.
Dečak ubica iz Niške Banje sa drugom pic.twitter.com/YXTAa0qDPq
— Petar Petrovic (@PetarPe80038488) October 5, 2023