Кавга на Шилегов и Силјановска: При очи сте слепи, а при уши сте глуви!

by fokus

Градончалникот на Скопје, Петре Шилегов и Гордана Силјановска Давкова, носителка на Изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, се “скараа” на фејсбук.

Давкова оддржа трибина во паркот Ибни Пајко, а Шилегов ја праша зошто не отишла на галиите во Вардар?

-Се чудам, што не отидоа на галиите да прават средба? Или на плажите на Вардар? Зашто баш во парк Ибни Пајко отидоа? Сигурно им се свиѓа, ама ете, суети, па не сакаат да признаат.

Се надевам дека барем им текнува каков хаос од див пракинг беше ова место до пред една година …

П.С. За колите што се на диво влезени, известено е МВР. Бидејќи знам дека НаЧе нема да ви пише казна, јас ќе се потрудам да бидете казнети. Законот е еднаков за сите, нели професорке? Или не знаете дека е забрането во парк со возила да се влегува?

П.П.С. Пазете на некоја шајка да не седнете, напиша Шилегов.

Набрзо пак градоначалниот доби одговор од професорката.

-Петре, извини, нема да се повтори. На крај памет не ни текна дека е можно нешто ти да си направил.
Освен плочникот во Маврово и пасиштето на плоштад.
А и да си направил, парковите не се партиска сопственост, одговори Давкова.

Но и градоначалникот не и остана должен, па напиша:

-Е сега стварно ме разочаравте професорке. Ви кажале нешто во партија таму, пиши му дека има куќа во Маврово (најголем грев на светот е тоа) дека нешто на плоштад има нов плочник (знам и тој Ви се свиѓа, ама …) и тревник (веројатно не мислите дека треба Шпански скали да се направат таму), па ај да пишете нешто. И тотално сте ги измешале работите. Плочник во Маврово бе!

Немам јас против што сте имале средба во паркот Ибни Пајко, напротив. Јавен простор е тоа, не е партиски. Имам против суетите (ситна душа ли е, што ли е), кои суети ви се големи колку што ви се ситни душите, па при очи сте слепи, а при уши сте глуви …заврши Шилегов.

Поврзани новости