652
Општина Кавадарци започна со реализација на проектот ,,Поставување на фотонапонски панели на 10 Јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час.
Покрај општинската зграда, панели се поставија и во Основното училиште ,,Димката Ангелов Габерот’’, во гимназијата ,,Добри Даскалов’’, во С.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и во С.О.У. ,,Димката Ангелов Габерот’’ Ваташа.
Од општината потврдуваат дека следува поставување на фотонапонските панели и на останати објекти кои се планирани, а истите ќе доведат до големи заштеди во буџетите на училиштата, што во голема мера ќе придонесе за реализација на идни проекти.
В.К.