Кавадарци ја објави новогодишната програма: Две недели забава и дочек со жива музика и огномет!

by Fokus

Општина Кавадарци ја објави програмата со настани кои ќе се случуваат од 15-ти се до 31-ви декември, по повод новогодишните празници.

Како што е наведено, на 15-ти декември започнува Божиќниот пазар во градот, а во наредните денови следуваат голем број на забавни програми, како на пример најбрзо китење на новогодишна елка, трка на Дедо Мразовци, хуманитарна продажба на новогодишни дела, дегустации на чај и колачиња, дегустација на греано вино, забава со маскоти, новогодишни работилници и друго.

За дочекот на Новата година на плоштадот ќе има организирана забава со Екстра бенд плус, а пак на полноќ ќе следи огномет.

Вики Клинчарова

Поврзани новости