Кавадарци ги живее гроздоберските денови!

by Fokus

Илјадници посетители од земјава, но и бројни гости од побратимените градови од повеќе земји, деновиве се во Кавадарци, каде се одржува традиционалната манифестација Тиквешки гроздобер.

Настанот започна во петокот, со голем број на забавни, културни, уметнички и спортски содржини, а денес завршува со голем концерт на Ацо Пејовиќ, кој ќе започне на полноќ на градскиот плоштад.

На познатиот Тиквешки карневал, кој се одржа вчера, присуствуваше и државниот врв. Карневалот имаше над 500 учесници, а градот беше преплавен од блескави тоалети во разни бои. Токму поради тоа, чест беше коментарот на присутните, дека се чувствуваат како да се наоѓаат во Бразил, на познатиот карневал во Рио Де Жанеиро.

Традиционално, винските кралица и крал заедно со градоначалникот Митко Јанчев го откинаа првиот грозд и посакаа бериќетна година.

Успешна берба на лозарите од Кавадарци им посака и министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој порача дека во наредните години повторно ќе го враќаат лозарството и винарството да бидат гранка која ќе значи задоволни земјоделци, но и гранка за респект и производство на квалитетно вино, кои ќе ја претставува Македонија надвор од границите.

Вики Клинчарова

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости