Кавадарци добива туристичко вовче

by Фокус

Електрично вовче, со капацитет за 20 лица, ќе започне да функционира наскоро во Кавадарци. Патеката на движење ќе биде од Ваташа до Моклиште, низ природа, а билетот ќе бил по симболична цена, најави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

-Да им овозможиме на децата да се рекреираат. Планирано е вовчето да вози низ природа, а можно е да вози и во паркот, да го посетат манастирот, старата воденица, да се рекреираат и да се едуцираат. Најверојатно ќе започне да функционира наредната недела – открива Јанчев.

Покрај вовчето, летна атракција во Кавадарци е и градскиот базен кој е веќе отворен, а каде има и пливачка школа, во која околу 140 деца се учат да пливаат бесплатно.

Поврзани новости